Високата школа за новинарство и за односи со јавноста започна со запишување студенти на Онлајн професионалната програма за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации – е-ПРОФМАН.
Програмата е финансирана со средства обезбедени преку “Еразмус плус“ програмата на Европската Унија и дава целосни стипендии за најдобрите 60 кандидати, млади луѓе до 35 години кои ќе имаат можат да усовршат менаџерски, лидерски и комуникациски вештини потребни за конкурентното бизнис опкружување, преку учење од меѓународни предавачи со долгогодишно професионално искуство.
Едногодишната програма се спроведува на англиски јазик, а се состои од пет онлајн курсеви – три задолжителни и два изборни, и од два настана – студентски камп и завршен семинар, кои ќе се реализираат од јануари 2017 до јануари 2018 година.
Уписот на студенти трае до 25 ноември. Заинтересираните може да добијат повеќе информации за програмата е-ПРОФМАН на www.e-profman.eu, односно на info@e-profman.eu