Министерот Лутфиу присуствуваше на Конференцијата организирана од страна на Мисијата на ОБСЕ

Денес министерот за образование и наука г-дин Пиштар Лутфиу присуствуваше на Конференцијата организирана од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) со тема „Остварување на образовни права во мултикултурни општества” (20 години на “Хашките препораки за образовните права на националните малцинства” на ОБСЕ / ВКНМ).

На оваа конференција во текот на следните два дена ќе се дискутираа за сите можни теми што се однесуваат на меѓуетничките односи и разновидноста на мултиетничко општество. Целта на оваа конференција е можноста да се презентираат сите теми кои на некој начин ги регулираат меѓусебните мултиетнички односи.

На оваа дводневна конференција ќе се разгледуваат темите: „Остварувањето на човековите права во различни општества”, „Правата на образование, интеграција и нацрт на земјата“,„Подготовка на историски документи кои ги спојуваат“ и “Правата за образование на заедниците “.

На конференцијата присуствуваше министерот за образование и наука г-дин Лутфиу кој го поздрави настанот и меѓу другото истакна : “… Јас верувам дека сите образовни институции во Македонија имаат за цел да обезбедуваат услови за подобар квалитет на образованието. Овој концепт пред се нас не поттикнуваа , младите генерации да се стават во центарот на образовниот систем каде што ќе бидат попродуктивни и на квалитетен начин ќе одговараат на потребите на нашето мултиетничко општество односно ќе бидат во состојба да ги надминат сите предрасуди и предизвици на времето…”.

Исто така, министерот Лутфиу вети дека во иднина уште повеќе ќе се ангажираат со цел преку имплементација на различни проекти ќе се мотивира и стимулира секој поединец или група на млади луѓе за промовирање на позитивните вредности на општеството и нашиот образовен систем.

На оваа конференција присуствуваа претставници од општините како и претставници од училиштата во Република Македонија