АХВ: Безалкохолниот пијалок е соодветно означен

Производот Симба кој во медиумите се посочува како причинител на труењето со храна на малолетните лица, е безалкохолен пијалок, на кој соодветно е означено дека не се препорачува за деца под 18 години и за бремени жени, велат од АХВ.

„Не станува збор за небезбеден производ, ниту за труење со храна, туку за непочитување на означувањето од страна на лицата кои го консумирале.“- додаваат оттаму.

Во тек е постапка од надлежните институции за тоа како овој пијалок дошол до малолетните лица.