Конкурс за доделување општинска награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски“

Врз основа на член 16 и член 18 од Одлуката за доделување општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, Градоначалникот на Општина Охрид распишува:

К О Н К У Р С

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Во чест на празникот „Св. Климент Охридски“- патронот на Охрид, за 2016 година се распишува Конкурс за доделување општинска Награда – патрон на градот „Св. Климент Охридски“.

Со Наградата се оддава највисоко признание за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за општината, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот и за нејзиниот севкупен придонес и афирмација во Република Македонија и во светот. Право на учество на конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Во пријавата треба да се достави: кратка биографија и образложение за какви остварувања се конкурира. Кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.

Наградата патрон на градот – „Св. Климент Охридски“ се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.

Конкурсот ќе трае заклучно со 20.11.2016 година, сметано од денот на објавувањето на истиот.

Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
Пријавите да се доставуваат во затворен плик на адреса:

Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57, ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
(со назнака „ЗА КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА ПАТРОН НА ГРАДОТ- „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“).