Жител од Брежани во домот неовластено чувал муниција и ловна пушка

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.И. (50) од с. Брежани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 21.01.2016 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот каде биле пронајдени 147 оловни кугли различен калибар, пет испукани патрони, кожен реденик, ловна пушка калибар 12 мм, 122 грама барут, кои пријавениот неовластено ги чувал во својот дом.