По повод претстојниот празник, 7ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец” беа вонредно ангажирани на расчистување на спомен обележјата и спомениците.
„Беше уреден просторот кај спомениците во Градскиот парк, споменикот на Петре Пирузе (Основен суд-Охрид), споменикот на Јасна Ристеска (с. Рамне), споменикот на Мите Богоески (кај средното економско училиште) и Спомен паркот на револуцијата.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.