Хуманитарна акција „Од нас за нас“ во ОУ „Христо Узунов“

Во текот на минатата недела во ОУ „Христо Узунов“,  од страна на Советот на родители при училиштето и наставниот кадар при училиштето се реализира голема хуманитарна акција со наслов „Од нас за нас“.

GE DIGITAL CAMERA

„Акцијата се состоеше во прибирање на облека, обувки и училишен прибор. Имаме голема потреба за помош на ученици од социјално ранлива категорија. Овој апел и тоа како добро прозвучи кај родителите на учениците од ОУ „Христо Узунов“, но и од колегите. Собрана е поголема количина на алишта, обувки и училишен прибор кои веќе се делат кај наши ученици, на кои и тоа како им се потребни. Голема благодарност до сите хумани луѓе за спроведување на оваа акција во нашето училиште“ – вели директорот Тони Симоновски.

GE DIGITAL CAMERA GE DIGITAL CAMERA