НККР Кичево поднесе кривична пријава против Б.З. (20) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 13.06.2016 година полициски службеници извршиле преглед над пријавениот при што пронашле најлонско ќесе со нето маса од 1,44 грама наркотична дрога – марихуана и една метална дробилка за дробење на марихуана.
НККР Кичево поднесе кривична пријава против Х.А. (22) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 31.07.2016 година во Кичево полициски службеници стопирале патничко возило марка „БМВ“ и кога полициските службеници се приближиле до возилото забележале како пријавениот од рака испуштил една рачно изработена цигара со нето маса од 0,85 грама – наркотична дрога марихуана.