Изложба на цртежи од децата од Бреинобреин програмата

Во рамки на Бреинобреин програмата која во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид ја следат деца од 4-14 годишна возраст, покрај примена на Абакус Ментално Аритметичкиот Концепт (АМАК) и техниките на Неуро Лингвистичко Програмирање (НЛП) децата имаат можност за изразување и развивање на своите креативни уметнички способности и вештини.

За таа цел, а во рамки на националниот Бреинобреин Арт Хепенинг, децата од БОБ-Црвен крст Охрид центарот цртаа на слободна тема и во слободна техника, a нивните цртежи заедно со цртежите на децата од сите 17 Бреинобреин центри во Македонија, беа изложени на изложбата на цртежи која во последната недела од месец октомври 2016 г. се одржа во Скопје.

И охриѓани ќе имаат можност да ги видат делата на нашите талентирани Бреинобреин генијалчиња на изложбата на цртежи која ќе биде отворена утре 12.11.2016 г. (сабота) во 13 часот во просториите на Црвен крст Охрид.