Се преврти товарно возило кај Елешец 11/11/2016 Lore I. Bujaroska Вчера во периодот од 15:50 до 18:15 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај автокампот Елешец, сообраќајот беше во целосен прекин, поради вршење увид на сообраќајна незгода и извлекување на превртено товарно возило на коловозот.