Се преврти товарно возило на патот Охрид-Кичево

На 10ти ноември околу 10.30 часот на магистралниот пат во изградба Кичево – Охрид, во непосредна близина на с.Подвис, при изведување на работи на патот се превртело ТМВ управувано од С.С. (34) од с.М.Доленци.

Во незгодата истиот се здобил со повреди поради што му била укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево, но поради сериозноста на повредите бил препратен на лекување во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од НК КР Кичево.