Утре во Охрид ќе биде промовирана едицијата „Црните страници на УДБА“

Раководителката на ПО Охрид од Државниот Архив, Славица Јанковска денес во просториите на Охридскиот Архив, одржа прес-конференција, на која ја најави Промоцијата на капиталната едиција на документи насловена како  „Црните страници на УДБА“, издадена од Државниот архив на Република Македонија. 

slavicajankovska2

„Оваа капитална едиција на документи создадена под водство на нашиот директор д-р. Филип Петровски и неговиот тим, има огромно значење не само во македонската историографија и документаристика, туку и во целокупното општествено живеење. Неслучајно го зборувам ова, бидејќи низ „Црните страници на УДБА“ се отсликани голем број судбини, животи на наши предци, на луѓе кои ги познаваме, кои ја доживеале сличната судбина со нашите блиски. „Црните страници на УДБА“ слободно може да се претстават како историја што допрва треба да се проучува, истражува, дополнува и менува.“– истакна Јанковска.

slavicajankovska1

Промоцијата на едицијата „Црните страници на УДБА“ ќе се одржи утре во 14 часот во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

crnitestranicinaudba_01

WebOhrid