18 Ноември – Европскиот ден за рационална употреба на антибиотици

Антимикробната резистенција и натаму останува голем јавно-здравствен проблем во светот, а не е исклучок Република Македонија.

Во насока на зајакнување на свеста за разумна употреба на антибиотиците во организација и со поддршка на националниот координатор, националната Комисија за антимикробна резистенција при Министерството за здравство, Канцеларијатана СЗО во Скопје, Центарот за регионални истражувања и соработка “Студиорум”, Здружението на микробиолозите на Македонија, Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет, Универзитет “Св.Кирил и Методиј“, Скопје, Медицинскиот факултет при Универзитетот “ГоцеДелчев“ од Штип и Институтот за јавно здравје на Република Македонија и годинава Светската недела за рационална употреба на антимикробна резистенција ќе се одбележи со повеќе активности.

Во периодот од 10 до 16 ноември ќе се одржат промотивни презентации за населението меѓу вработените во шест работни организации од различни сектори (градежништво, месна индустрија, металургија, телекомуникации, млеко преработувачка индустрија и текстилна индустрија) во неколку општини во земјата: Скопје, Сарај, Тетово, Делчево, Куманово и Кавадарци. Едукативните презентации се поткрепени со промотивен материјал на македонски и албански јазик за важноста на рационалната употребана антибиотици.

На 18 ноември, од 12 часот во просториите на Мултимедијалниот центар на Економски факултет, при Универзитетот “ГоцеДелчев” во Штип ќе се одржи вториот состанок на националната CAESAR мрежа за следење на антимикробната резистенција. Целта на состанокот е споделување, информирање и дискусија за последните податоци за состојбата со антимикробната резистенција во Р.Македонија, и резултатите од надворешната контрола на работата на микробиолошките лаборатории.

Во едукативниот дел на состанокот ќе бидат дадени насоки и препораки за земање хемокултура, а ќе стане збор и за потребата и начинот на следење на Клостридиум дифициле, што ќе се применува од 2017 година.

Учесниците ќе добијат информација за потрошувачката на антибиотици и поврзаноста на антимикробната резистенција со интрахоспиталните инфекции. Поканети се микробиолози и лекари од повеќе клинички специјалности од сите болници во Македонија.

Во период од 18 до 19 ноември, во организација на Центарот за семејна медицина, при Медицинскиот факултет, Универзитет “Св.Кирил и Методиј” – Скопје ќе се одржи Вториот симпозиум на тема “Употребата на антибиотиците во примарната здравствена заштита – предизвици за подобрување” со предавачи од земјата и странство.

На Симпозиумот ќе бидат презентирани искуствата од регионот, и податоците од истражувањата за потрошувачката на антибиотици во примарната здравствена заштита.

Симпозиумот предвидува отворена дискусија за сите заинтересирани страни на тркалезната маса на тема: “Предизвици и можности за рационално пропишување антибиотици за акутни респираторни инфекции во примарната здравствена заштита со предлог мерки за унапредување на состојбата на национално ниво” од која ќе произлезат заклучоци и препораки за подобрување на рационална употреба на антибиотиците во примарната здравствена заштита.

Република Македонија се приклучи на светската промоцијата на “Чувари на антибиотиците” (Antibiotic Guardian), акција поддржана од Светската здравствена организација, со пополнување на изјави за запознаеност и свесност од потребата од рационална примена на антибиотици. Изјавите се преведени и адаптирани на македонски јазик, и беа дистрибуираат на промотивните настани, и на сите настани во сферата на здравјето и промоција на здравјето:

– Регионалната работилница“Сите заедно за здравјето на сите до 2020 година” – зајакнување на интерсекторската соработка на локално ниво за здравје и благосостојба” одржана во Берово од 31октомври до 2 ноември 2016 година, во организација на Министерството за здравство и СЗО;

– Денови на превентивна медицина “Здравје за сите-сите за здравје” одржани во Охрид од 3-5 ноември 2016 година, во организација на повеќе професионални здруженија од областа на превентивната медицина;

– На вториот состанок на CAESAR мрежата и на вториот симпозиум “Употребата на антибиотиците во примарната здравствена заштита”.

Подготвил
Прим д-р Голубинка Бошевска, д-р сци
Национален координатор за АМР