Кирацовски: Вработените секојдневно говорат за притисоците и политичкото влијание кои се прават врз нив

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација м-р Александар Кирацовски, согласно мисијата за обезбедување на услови за слободни, фер и регуларни избори, заедно со членови од кабинетот го посети Центарот за социјални работи во Ресн и Крушево, како и Општина Охрид каде имаше средба со градоначалникот на Општината, Никола Бакрачески.

На средбите со раководителот на центарот за социјални работи во Крушево и на градоначалникот на Охрид Бакрачески, им беа предочени дојавите кои што од вработените во тие институции, но и од граѓаните стигнале до веб страницата на дополнителниот заменик министер (www.dzm-mioa.mk), а истите се однесуваат на одредени вработени кои ја злоупотребувале својата позиција во интерес на партиско- политички цели за актуелната власт.

„Карактерот на политичкото влијание во институциите опфаќа закани и предупредувања за губење на работното место, казнување или распоредување на друго работно место, на друга локација, дисциплински мерки, намалување на плата, како и оценувањето на административните службеници. Денес на градоначалникот на Општина Охрид, Бакрачески му го предочив и проблемот со општинарите кои како казнена експедиција се префрлени во седиштето на старата Општина Косел, работат во несоодветни услови и без зададени обврски и работни задачи, што е спротивно на закон.“- изјави дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Кирацовски по средбата со градоначалникот Бакрачески.

slika-2 

На средбите, исто така соодветно им беа претставени и законските одредби од Кривичниот и Изборниот законик во кои за ваквите дејствија се предвидени сериозни казни. 

„Безобразието на власта оди до таму што одредени директори и наставници од средните училишта, организирано влијаат врз учениците малолетници, активирајќи ги во партиско- политички цели за време на настава. Тоа е недозволиво и мора да биде строго казнето. Законот е јасен и казните за вакво дело се строги. Свесни дека власта со приближувањето на изборниот ден ќе го зголемува и притисоците врз вработените во ЈС, избравме одлучно да се бориме против истите.“- изјави Кирацовски.

WebOhrid