ОУТУ „Ванчо Питошески“ дел од Детските Рацинови средби

Учениците од охридските училишта постигнаа голем успех на поетската манифестација „49 Детски Рацинови средби“, која се одржа во организација на клубот на писатели „Коста Солев-Рацин“ од Велес. Со Пофалници се стекнаа тројца ученици и нивните ментори професорите по македонски јазик и литература.  Во категоријата средни училишта Сергеј Костовски од ОУТУ „Ванчо Питошески”под менторство на проф. Перчо Божиновски.

15078620_1568097319870728_8063313020906851573_n

Во категоријата основни училишта: Јована Димитрова од ОУ „Братство Единство”со менторот проф. Јованка Љаткоска и Михаела Василевска од ОУ „Кочо Рацин” и менторот проф. Ивана Рилкова-Томеска.  Учениците имаа чест да бидат избрани и пофалени во конкуренција од над двесте творби, а во нивната интерпретација уживаа присутните учесници од целата држава.

15151334_10211127056122011_732529766_n