АВ Охрид стартуваше со победа во Првата лига

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид дебитираше со победа на стартот од новата сезона во Првата Македонската кошаркарска лига.

Во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, охридскиот тим ја имаше контролата врз играта и убедлива предност во текот на целиот натпревар. На крајот тимот на АВ Охрид триумфираше против Пелистер со резултат 73-61. 

WebOhrid