УМС на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа Меѓународниот ден на студентите

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа “Меѓународниот ден на студентите”, при што беа промовирани активните и планираните мерки наменети токму за младите во Македонија.

Само за иднината година се планирани 40 нови мерки, за подобрување на животот на младите.

Свое обраќање имаа и претседателот на УМС, Владимир Нелоски, како и Роберт Вељаноски и Драган Данев.

„Партија која што има ваков подмладок не треба да се грижи за својата иднина, таа партија може да биде убедена дека победата на следните избори и на секои наредни избори ќе и биде загарантрирана. Силата на УМС е неверојатна и токму затоа, не само затоа што се вредни и што вредно учите туку вие имате нешто што би требало да го има секој еден Македонец. Имате чувство на патриотизам и на моментот во кој што морате заедно со повозрасните да застанете во одбраната на татковината“, порача Вељаноски.

Ве повикувам да истраеме уште малку во оваа борба, порача Данев.

„Јас знам дека имате и сила, дека имате и енергија вие сте млади и полетни луѓе, млади патриоти кои што за момент ги оставија секојдневните студентски обврски и рекоа дека ќе работат за себе и за Република Македонија“, заклучи тој.

И во изминативе 10 години и во оваа 2016 година, покажуваме дека она што ќе го ветиме го остваруваме, порача Нелоски.

„Токму овие мерки кои што ги најавивме ќе бидат основата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ“, заклучи Нелоски.