Министерот Јолевски на средба со заменик генералниот секретар на НАТО Готемолер

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски вчера за време на учеството на Безбедносниот форум во Халифакс, Канада оствари средбата со заменик генералниот секретар на НАТО Росе Готемолер. Главна тема на разговорот беше интеграцијата на Република Македонија во НАТО. Притоа министерот Јолевски информира за реформите во одбранбениот сектор, за процесот на модернизацијата на АРМ. Говорејќи за модернизацијата информираше дека во следната година ќе се зголеми буџетот за одбрана, при што ќе биде исполнет еден од двата критеруми од Кардив, 20% од буџетот за одбрана да се користи за модернизиција. Воено истакна дека модернизацијата се врши во согласност со стандардите на НАТО и партнериските цели кои Македонија ги има договорено со НАТО. На средбата стана збор за мигрантската криза, како и за претстојните избори.

Министерот Јолевски истакна дека Македонија ги исполнила сите критериуми за членство во НАТО уште во 2008 година. Истанувајќи дека е променетото геополитичко опружување во Европа и светот, заради што се укажува на потребата што поскоро интегрирање на Македонија во НАТО. Ова ќе придонесе за зајакнување на стабилноста не само на Македонија туку и на регионот и Европа во целина.

Заменик генералниот секретар на НАТО Росе Готемолер ги поздрави реформите и зголемениот буџет за одбрана, посебно за расположивите средства за модернизација. Исто така истакна дека следната година НАТО ќе има поголем фокус на југоисточна Европа, односно Западен Балкан.

На панелот на Безбедносниот форум Халифакс, посветен на иднината на НАТО, говореа заменик генералниот секретар на НАТО Росе Готемолер, претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ и сенаторката Џин Шахин. За одбележување е што присутните беа информирани дека генералниот секретар на НАТО Столтенберг и новоизбраниот претседател на САД, Трамп, во петокот имале телефонски разговор, кој бил мошне конструктивен и дека „двајцата се согласиле за важноста на НАТО алијансата и важноста за зголемување на буџетите за одбрана“. Хрватската претседателка Грабар Китаровиќ истакна дека Република Македонија треба што поскоро да добие покана за членство во НАТО, а Босна и Херцеговина да започне со МАП процесот. По завршувањето на панелот министерот Јолевски се заблагодари за континуираната и безрезервна поддршка од Хрватска за членство на Македонија во НАТО и ЕУ.