Светски ден на телевизијата

Глобалната размена на телевизиски програми кои се фокусираат на мирот, безбедноста, економскиот и социјалниот развој и унапредувањето на културната размена, укажуваат на растечката важност на телевизија во менувањето на денешниот свет. Размената на информациите преку телевизијата ги олеснува социјалната и културната комуникација и ја поттикнува соработката и партнерството во светот.

Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 21 ноември како Светски ден на телевизијата (со резолуцијата 51/205 од 17 декември 1996 година). Телевизијата има зголемено влијание со тоа што вниманието на светот го насочува кон конфликтите и заканите за мирот и безбедноста, како и нејзината потенцијална улога во изострување на фокусот кон другите активности, вклучувајќи ги и економските и социјалните прашања.

Светскиот ден на телевизијата не е толку многу насочен кон прославувањето на овој ден, туку кон филозофија која што ја претставува. Телевизијата претставува симбол за комуникација и глобализација во современиот свет.

WebOhrid