На 11-ти декември граѓаните ќе гласаат ЗА суверена Македонија и ПРОТИВ федерализација

Одговорот на идејата на Заев за двојазичност на цела територија на Македонија се гледа во очите на граѓаните низ Македонија, а одговорот е „не“, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од митингот во Ресен.

„Не е погрешно така да се мисли, тоа не значи дека не е потребен соживот и разбирање, толеранција и соработка и заедништво за сите етникуми. Тоа значи само дека не може државата да се третира како експеримент и од ден за ден да се менува суштината и идентитетот. Тоа беше целта на кризата и секој еден кој не веруваше и се сомневаше сега му е јасно и го гледа сценариото кое се надвиснува над Македонија. Се што ни се случуваше овие 2 години сега станува јасно“, рече Груевски.

Важно е овој пат, додаде тој да не оставиме некој да не не слушне и да не го слушне повикот и важноста од овие избори за иднината на државата,

„Важно е да се сплотиме и да не дозволиме да бидеме жртва преку целта која СДСМ и Заев сакаат да ја остварат. Целта е комплетно редефинирање на Македонија и претворање на држава на кантони и федерални единки кои ќе имаат за цел распарчување и одделување од Македонија. Не викаат насекаде во Македонија“, рече Груевски.

Струга, Кичево дел од Скопје, Тетово, Гостивар најдобро ги знаат искуствата и ги почувствувале на своја кожа.

Македонија не смее да биде нечиј експеримент. Вие од Ресен ќе докажете бидејќи знаете што се последниците. Тоа најдобро ќе го покажеме со излагање да гласате на 11 декември, со гласање против федерализација и канонизација и глас за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, односно глас за суверен унитарна Македонија, рече Груевски.