Одбележан Денот на албанската азбука во ОУ „Братство-Единство“

22 ноември – Ден на албанската азбука, е еден од најважните денови во историјата на албанскиот народ. На 22 ноември, 1908 година се одржа Битолскиот Конгрес, еден од најважните политички, културни, научни, јазичн и образовни настани за албанскиот народ.

Денешната албанска азбука е резултат од повеќе вековна работа, процес кој траеше околу 4 векoви и заврши на 22 ноември, 1908 година со работата на Комисијата на Битолскиот Конгрес. Битолскиот Конгрес им даде крај на неколку различни ориентални и латински азбуки кои создаваа културна и образовна анархија за албанскиот народ. Од овој конгрес произлезе единствена азбука која најдобро се вклопуваше со албанскиот јазик, избегнувајќи на ваков начин употребата на арапско-турската и грчката забука.

Овој ден денес се слави поради важноста која ова азбука ја претставува за албанската култура и албанскиот литературен јазик.

За да се одбележи овој значаен ден, во ОУ „Братство Единство“ – Охрид традиционално се одржуваат активности подготвени од страна на учениците кои учат на албански јазик. Овие активности беа дел од кратката програма со песни, ора и рецитали подготвени од страна на учениците и наставниците од ова училиште. Освен на албански, во програмата, учениците имаа настап на македонски и турски јазик.

Исто така, минатата недела се отвори литературен и ликовен конкурс во рамките на училиштето со тема „Ноември, месец на празници”. Голем број на ученици учестуваа со нивните литературни и ликовни творби кои беа истакнати на училишните паноа. Победниците на литературниот и ликовниот конкурс добија пофалница и симболични подароци за нивниот придонес.

WebOhrid