Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот се случи на на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на селото Колари. Од здобиените повреди, на лице место починал С.А. од Скопје а неговата смрт е констатирана од екипа на Брза помош која пристигнала на местото на настанот.
Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот С.А. кој се движел до коловозот кон Гостивар, во еден момент започнал да го преминува магистралниот пат при што директно бил удрен од товарно моторно возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое по патот се движело во насока од Кичево кон Гостивар. По ударот, пешакот-сега починатиот С.А. паднал на десната страна надвор од патот.
На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево. За време на увидот кој траеше до 21 часот, сообраќајот на патниот правец беше физички регулиран со наизменично пропуштање на моторните возила.
По наредба на јавниот обвинител, во текот на денешниот ден ќе се изврши обдукција врз сега починатиот.