Повреден велосипедист од Велгошти на ул„7ми Ноември“ во Охрид

Вчера во 11.00 часот во ПС за БПС Охрид пријавена е сообраќајна незгода која се случила истиот ден во 06.30 часот во Охрид на ул. „7-ми Ноември“ помеѓу автобус „Икарус“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Б.Б. (33) од с.Пештани, охридско и велосипед „Пони“ управуван од Б.Т. (64) од с.Велгошти, охридско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на велосипедот, кој бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо и по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.