Организаторот на Ултра Маратонот „Тоше Проески“ на прием во Агенцијата за млади и спорт

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари средба со Наум Капричевски организатор на УЛТРА МАРАТОНОТ „ТОШЕ ПРОЕСКИ“ кој се одржа во период од 13 Октомври до 16 Октомври од Нова Градишка до Крушево.

Капричевски во името на маратонците и фановите на Тоше Проески во чест на благодарност за поддршката која ја дава Агенцијата за млади и спорт за ултра маратонот, на Директорот Спасески му додели благодарница и примерок од книгата за Тоше Проески „ОВА НЕ Е КРАЈ“.

Директорот Спасески се заблагодари и истакна дека Агенцијата за млади и спорт нема никогаш да го заборави ликот и делото на Тоше Проески.

„Агенцијата за млади и спорт беше и остана горда на Тоше Проески. Делата што Тоше ги правеше никогаш нема да бидат заборавени. Му благодариме на Тоше што ни ја остави спортската химна „Македонија Навива за Вас“ со што придонесе секогаш кога ќе ја слушнеме на спортските арени, да ја бодриме Македонија и да се сеќаваме на нашиот Тоше“. – заврши Спасески.

Воедно, деветтата годишнина од смртта на Тоше Проески ја одбележи овој меѓународен ултра маратон од Нова Градишка до Крушево и од година во година е се помасовен зближувајќи го целиот регион во името на Тоше Проески.