ДИК ќе го утврдува обликот на печатите на избирачките одбори

Државната изборна комисија попладневно закажа седница на која треба да ја разгледа и да ја усвои предлог-одлуката за утврдување на обликот на печатите на избирачките одбори во Република Македонија и на избирачките одбори во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, како и на избирачкиот одбор во Државната изборна комисија.

ДИК соопшти дека на дневен ред на седницата закажана за 17 часот е и разгледувањето и усвојувањето на нацрт-планот за едукација на општинските изборни комисии по тимови, планиран за 29 и 30 ноември годинава.

Извор: meta.mk