Охрид е привлечна дестинација за туристите од Полска, за што потврда е договорениот нов чартер-лет од Катовице до Охрид, кој ќе почне да се реализира од наредното лето.
Компанијата „Рего-бис“ ќе донесе најмалку 5.000 туристи кои ќе слетуваат на охридскиот аеродром со авиони од типот „ербас 320“, со капацитет од 220 седишта. Ќе бидат застапени и кружни повеќедневни посети во комбинација и на други соседни земји, со автобуси со капацитет од 80 лица.
„Покрај Охрид, правиме промоција и напори за вклучување и на други македонски туристички дестинации во програмите на полските тур-оператори, кои би можеле да бидат интересни за полските гости, а во соработка со македонските тур-оператори. Ќе бидеме и домаќини на полски претставници на медиумите кои ќе го шират убавиот глас за Македонија во Полска“ – вели Горица Атанасова-Ѓоревска, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.
Извор: meta.mk