Од утре Македонија ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса од север што ќе услови појава на засилен северен ветер и значителен пад на температурата. Како што најави УХМР, врнежите во попладневните часови на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.
Од вторник ќе биде многу студено и ветровито, а можен е снег и во пониските делови. Дневната температура на места ќе се задржи околу нулата.