WebOhrid и оваа година учествува во трката за избор на најдобар веб сајт во Македонија. Гласањето за најдобар сајт за 2016 година започна oд 24-ти ноември и ќе трае до 9-ти декември.
WebOhrid e номиниран во три категории, и тоа: Најдобар сајт за 2016 година, Најдобар дизајн и Најдобар сајт за вести и информации.
Најдобрите веб сајтови за 2016 ќе се прогласат на 14-ти декември 2016 година во холот на Македонска опера и балет во Скопје.
Mанифестацијата „Сајт на Годината“ во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по седми пат.
Изборот на Сајт на Годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на Годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.
Инаку, ова е трето учество на WebOhrid за избор на најдобар сајт.
Вашата поддршка може да ни ја дадете на следниот → линк ←.
WebOhrid