Напреден спортски менаџмент – трета генерација

Претставниците на Националните спортски федерации продолжуват со надградување на своите знаења односно со својата ре-едукација и изминатиот викенд разменија информации, знаења, идеји и искуства со проф. д-р Тјери Зинц, директор на последипломските студии за напреден спортски менаџмент / поддржани од страна на Меѓународниот олимписки комитет.

napredensportskimenadzment3

Овој модул е посветен на темата „Стратешки менаџмент на Олимписки спортски организации“, модул кој ги опфаќа темите како што се причини и развој на стратегиски план, стратегиски цели, креирање, развивање и имплементација на акциски планови, стратегија на водење на Меѓународни и Национални спортски организации и многу други теми од интерес на кандидатите.

napredensportskimenadzment2