Продолжуваат успесите на ученик од ОУ„Христо Узунов“ на Меѓународната ликовна изложба „13ти Ноември“

Успесите на ученикот Филип Настовски од II3 одд. од ОУ „Христо Узунов“ и годинава продолжија со освојувањето на втора награда на Меѓународната детска ликовна изложба „13ти Ноември“ во Скопје.

img_0736

На оваа Меѓународна детска ликовна изложба поканети беа ученикот Филип Настовски и неговиот ментор Славица Настоска свечено да ја подигнат наградата на отворањето на изложбата, каде присуствуваа голем број наградени ученици од целата земја, а присутни беа и амбасадори од десет држави од ЕУ.

img_0738

Ученикот Филип Настовски и понатаму успешно продолжува со својата креативност и се надева на уште поголеми успеси.