МОН со препорака до училиштата за утрешната акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“

Согласно заклучок на Владата на Република Македонија на 30 ноември 2016 година ќе се реализира 17-тата акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.

Министерството ги известува основните и средните училишта дека согласно Календарот за организација на учебната 2016/2017 година утре е наставен ден во кој се изведува посебна програма.

Министерството препорачува учениците од I до VI одделение да бидат ангажирани во активности за еколошко уредување и засадување на шумски садници во училишниот двор. Учениците од VII до IX одделение како и учениците од средните училишта да бидат ангажирани во акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ на најблиската локација до училиштето. Министерството препорачува за нив и за нивните наставници место за тргнување до локациите за пошумување да биде училишниот двор.

За таа цел, потребно е надлежното лице за образование во локалната самоуправа да стапи во контакт со координаторот за спроведување на активностите на локално ниво и со директорите на училиштaта, за да ги запознаат со деталите за превозот и локациите за пошумување на кои ќе учествуваат учениците.