Снежна покривка го покри Охрид

Ноќеска во Охрид провејуваше слаб снег. Тенка снежна покривка го покри утрово туристичкиот центар. Во 8:00 часот во центарот на Охрид беше измерена температура од -2 степени целзиусови.

Времето денес ќе биде претежно облачно и студено со засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено во источните делови. Помала снежна покривка ќе се формира и на пониските места, а на планините ќе се зголеми. Дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од -2 до 4 степени.

Утре и во четврток утрата ќе бидат многу студени со температура од минус 10 до минус четири степени.

WebOhrid