ВМРО-ДПМНЕ: Советниците на СДСМ во Советот на Општина Охрид треба да им се извинат на граѓаните и во најмала рака да ги повлечат своите мандати

ОК на ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение до медиумите, во врска со присуството на советниците на СДСМ во Општина Охрид на прес-конференцијата од Радмила Шекеринска, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 5.

„ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид најостро реагира врз начинот на кој советниците од СДСМ и нивната коалиција во Советот на Општина Охрид ги напуштија своите места се со цел присуство на партиски агенди и пресови.

Ваквиот пристап на советниците на СДСМ и нивната коалиција уште еднаш ја потврдува тезата дека токму кај нив функциите кои ги спроведуваат се во корист само на партиските интереси а не на интересите сите граѓани на Република Македонија а во случајов на град Охрид. Токму ваквиот пристап укажува за нивната задна намера за целосна партизација на сите институции.

Ваквиот преседант на советниците на СДСМ во Советот на Општина Охрид досега воопшто не е воочен на ниту едно друго место и зборува за нивниот целосен непрофесионализам.

Оттука потенцираме дека Советниците на СДСМ во Советот на Општина Охрид треба да им се извинат на граѓаните на Општина Охрид и во најмала рака да ги повлечат своите мандати.“ – стои во соопштението од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.