Станковски: ДПМНЕ го распродаде Охрид

ВМРО–ДПМНЕ во изминативе 10 години покажа колку навистина го сака Охрид и охриѓани. Партијата која е власт во заминување љубовта кон градот ја покажа со распродавање на целото земјиште на фирми блиски до неа, по цена која нема скоро никаква вредност. Ова го истакна на денешната прес-конференција претседателот на ОИШ на Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Охрид, Јоне Станковски.

„Колку за потсетување, ВМРО – ДПМНЕ ја затвори специјалната детска болница, единствена во регионот, и со експресна одлука на Совет заедно со сегашните коалициони партнери донесоа нов урбанистички план со кој на тоа место требаше да никни луксузен хотел. Охриѓани, нормално, се уште ја чекаат изградбата на хотелот. Исто така, ВМРО – ДПМНЕ го продаде ридот кај месноста Горица или едно од најатрактивните подрачја во охридската околина. Своевремено, челниците на ДПМНЕ им ветуваа на граѓаните дека тука за многу скоро ќе се изгради луксузен хотел од ланецот „Хилтон“, но за жал и тоа беше едно празно ветување на партијата. Илјадници квадратни метри продадени за неколку илјади евра на фирми блиски на ДПМНЕ или колку што денес чини некое полуксузно возило. Земјиштето кај автобуската станица е само едно од распродажбите на ДПМНЕ, која, врегајќи ја интелегенцијата на охриѓани, токму во изборната кампања наводно започна со градба. Исто така, отуѓено е земјиштето за пензионерски дом, кој никаде го нема. ДПМНЕ продаде 18.000 метри квадратни кај каналот „Студенчишта“ за едно евро по метар квадратен, чија пазарна вредност реално изнесува 8 милиони евра. И за тоа ВМРО – ДПМНЕ заедно со СДСМ донесе урбанистички план за хотел, кој, нормално и него го нема.“- истакна Станковски.

pressjonestankovski1

Тој додаде, доколку коалицијата „ВМРО за Македонија“ ја добие власта по 11 декември, продажбата на земјиштето ќе биде по пазарната вредност.

„Нема да има ниту една фаворизирана фирма и ќе има еднаквост на сите. Нема да има нелојална конкуренција и законите мора да важат за сите. Нашата коалиција, веднаш по изборите ќе започне ревизија за тоа на каков начин е отуѓено и распродадено земјиштето во Охрид.“- додаде Станковски.

WebOhrid