18та Традиционална изложба на фото клубот „Охрид“

Фото клубот „Охрид“ , вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ ја отвори традиционалната, осунаесетта по ред изложба на фотографии. За изложбата, што се организира во рамки на чествувањето на Денот на заштитникот на Охрид Св. Климент Охридски пригодна реч имаа претседателката на Советот на Општина Охрид Гордана Коњановска и председателот на фото-клубот Димче Коруноски.