Известување во врска со објавата на резултатите од конкурсот за ученички стипендии

Министерството за образование и наука информира дека резултатите од конкурсот за доделување на ученички стипендии за учебната 2016/2017 година, ќе бидат објавени по завршување на изборниот процес, односно по изборот на пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија.

Имено, согласно пристигнатото мислење од страна на Државната комисија за спречување на корупција, постои законска пречка за објавување на списокот на кандидати на кои ќе им биде доделена ученичка стипендија.