Света архиерејска литургија за претстојниот празник

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре (петок), ќе се служи света архиерејска литургија во црквата „Св. вмч. Георгиj“ – Охрид, по повод празникот „Св. вмч. Георгиј“ со почеток во 08:45 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.