Известување од МВР

Министерството за Внатрешни Работи односно надлежните подрачни единици од областа на управните работи, по повод предвремените парламентарни избори на 11.12.2016 година ќе работат на издавање на лични карти, но само за лица кои што ја загубиле или им е украдена како и на лицата на која им е оштетена личната карта. Воедно истиот ден ќе се врши и издавање на веќе изготвените лични карти. Во недела на 11.12.2016 година надлежните управни служби ќе работат од 07,00 часот до 19,00 часот но само на издавање на готовите лични карти.