Извлечени полуфиналните двојки од Купот на Македонија

Денеска во комплексот „Куќа на фудбалот“ без извлечени двојките од полуфиналните натпревари во рамките на Купот на Македонија.

Актуелниот лидер на првенствената табела, екипата на Вардар за противник го доби бранителот на Куп трофејот, тимот на Шкендија. На вториот натпревар силите ќе ги одмерат екипите на Брегалница и Пелистер.

Првите средби ќе се одиграат на 1 март (среда) со почеток од 14:00 часот, додека реваншите се закажани за 19 април (среда) во истиот термин.

Распоредот на средбите од полуфиналето на Купот на Македонија:

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА

БРЕГАЛНИЦА – ПЕЛИСТЕР