На 12 декември (понеделник) во Националната галерија на Македонија – објект Мала станица со почеток во 18:00 часот ќе биде отворена изложбата за проектот „Млади уметници“ од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и стручната комисија. Овој проект трета година по ред се имплементира од страна на Агенцијата за млади и спорт.
Имено, во рамки на конкурсот пристигнаа 66 дела, а наградени се следните :
– Тамара Антевска (СЛИКАРСТВО),
– Симона Спирковска (СКУЛПТУРА),
– Неслихан Сулејман (ГРАФИКА),
– Јасмина Трпевска (ФОТОГРАФИЈА),
– Драганчо Божинов (ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН)
Наградените дела беа избрани од страна на независна стручна комисија, а наградените млади уметници добиваат парична награда од 40.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт. Изложбата ќе трае до 18 декември.