Спречен шверц на 12 килограми марихуана на граничниот премин Ќафасан

Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан, при спроведување на редовна царинска контрола спречија обид за нелегално внесување на 12 килограми марихуана во Република Македонија.

На 9 декември 2016 година околу 18:00 часот на влез во Република Македонија на граничниот премин Ќафасан пристигнало патничко моторно возило со италијански регистарски ознаки, управувано од лицето Л.М. романска државјанка, а со неа патувала и В.С. исто така романска државјанка. Лицата на англиски јазик биле прашани што имаат да пријават за царинска контрола, при што одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека се враќаат за Романија од неколкудневен престој во Р.Албанија. Поради сомневање во нивните изјави возилото заедно со патниците било селектирано за контрола. При прегледот на возилото биле пронајдени вкупно 27 пакетчиња (6 во задниот браник, 8 во задното лево крило, 7 во задното десно крило, 3 во левиот страничен праг и 3 во десниот страничен праг) – црни ќесички обвиткани со проѕирна салотејп лента наполнети со марихуана со вкупна тежина од 12 килограми.

Против сторителите, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното јавно обвинителство, а судија во претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

ci-kafasan-marihuana-03