Младата репрезентација подобра од А селекцијата на Македонија на првиот контролен натпревар

Младата репрезентација на Македонија до 21 година одигра уште еден одличен натпревар, овој пат против А селекцијата на Македонија и успеа да слави победа со 2:1 во првиот од двата контролни тест натпревари помеѓу овие две репрезентации.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски, иако во подмладен состав одиграа извонредно прво полувреме во кое постигнаа два гола. Петар Петковски беше двоен стрелец, тој погоди во 22 и 31. минута.

Во продолжението селекцијата предводена од Игор Ангеловски одигра нешто подобро, наметна своја игра, го засили притисокот, но тоа беше доволно само за намалување на предноста на противникот. Конечните 2:1 ги постави Душко Трајчевски во 76. минута од средбата.

А – тим: Шишковски, Бејтулаи, Мурати, Велковски, Демири, Дориев, Муслиу, Најденов, Николов, Аврамовски, Ибраими. Уште играа: Ристевски, Тошевски, Маркоски, Трајчевски, Колевски.

У21 – тим: Мујовиќ, Поп Златанов, Симовски, Чешмеџиев, Н’Сомбо, Селмани, Тотре, Елмас, Костов, Костадинов, Петковски. Уште играа: Реџепи, Илиќ, Јанков, Личина, Аломеровиќ, Стојановски, Кривањева, Филиповски, Здравковски, Абдулаху, Крезиќ, Цветановски.