Од полноќ ново поскапување на нафтените деривати

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 5,95%, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 28.11.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 40,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.11.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,172 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.11.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,033 ден/кг.

За сметка на трошокот на промет (малопродажна маржа), малопродажните цени на нафтените деривати во однос на највисоките цени (1 ГРУПА НА ЦЕНИ), можат да бидат намалени за: 0,5 ден/лит (2 ГРУПА НА ЦЕНИ), 1,00 ден/лит (3 ГРУПА НА ЦЕНИ) и 1,5 ден/лит (4 ГРУПА НА ЦЕНИ).