ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ најдобри на државниот натпревар на стручните училишта

И оваа година учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ постигнаа најдобри резултати на државниот натпревар ЛИДЕР 2016 – избор на најдобар ученик по струка од завршните години во стручното образование во Република Македонија.

Натпреварот се одржа на 09 декември во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, а се избраа најдобрите ученици во машинската, електротехничката и сообраќајната струка.

За Лидер на сообраќајната струка во Република Македонија е прогласен Дејан Коцев, ученик во IV година во образовниот профил техничар за патен сообраќај, под менторство на наставниците Наташа Гредоска, Весна Нанеска и Ѓоко Милески.

Во електротехничката струка Јован Груевски, ученик во IV година освои прво место во образовниот профил електротехничар-енергетичар, Владимир Дукоски второ место во образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика, Никола Трајаноски учествуваше во образовниот профил електротехничар за електроника и телекомуникации. Учениците беа под менторство на наставниците Владо Јанкулоски, Љупчо Балески и Гоце Ѓорѓиески.

Во машинската струка втори места освоија Бајрам Рамаданоски во образовниот профил машински техничар, Јован Цветковски во образовниот профил техничар за компјутерско управување, а трето место освои Климент Ѓорѓиевски во образовниот профил автотехничар-мехатроничар. Учениците беа под менторство на наставниците Борис Јаќимоски, Владо Суклоски и Танче Танески.