Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон за 2017 година

Општина Охрид за Новата 2017 година објавува Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон.Пријавувањето на конкурсот ќе трае од 14 до 29. 12.2016 година. Заинтересираните граѓани можат да се пријават во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди;

Прва – 6000денари

Втора – 4000денари

Трета – 2000денари

Комисијата формирана од Градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми:

При новогодишното украсување на дворови и балкони треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста.

Објавувањето на наградите ќе биде по новогодишните празници.

П Р И Ј А В А
за Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон во општина Охрид за Новата 2017 година

1.Име и презиме

2.Улица и број

3.Место

4.Контакт телефон

Охрид,

Подносител,

—————– 2016
———————