Поставена новогодишната елка на охридскиот плоштад

Службите на општина Охрид и дел од јавните претпријатија денес ја поставија новогодишната златна елка на градскиот плоштад во Охрид.

novogodisnaelka01

Изминативе неколку денови, службите на општината и дел од јавните претпријатија работеа на украсувањето на градот за новогодишните празници. 

За многу скоро се очекува целиот град да блесне во препознатливиот предновогодишен амбиент.

novogodisnaelka02