И годинава Охрид украсен како од бајките

Најголемиот туристички центар во Македонија, Охрид е украсен и подготвен за дочек на Новата 2017 година. Градот блеска во новогодишен сјај. И годинава, бројни новогодишни реквизити го красат централното градско подрачје и периферните делови на градот. На Градскиот плоштад блеска и новогодишната елка која е во златна боја.

Инаку, од денес на градскиот плоштад започна дванасетдневната предновогодишна програма, што ја организира општина Охрид.

WebOhrid