Вечерва ќе биде отворена изложбата Големата „ТРОЈКА“ за мигот и вечноста

Вечерва во изложбениот салон при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата Големата „ТРОЈКА“ за мигот.

Владимир Темков, Драган Најденовски и Владимир Симоновски, низ својата заедничка изложба го оживуваат сонот на секој оној кој има храброст да погледне во својата душа, да живее во мигот кој значи живот, да сонува и да создава трајни и непроценливи вредности. И овојпат, бројот три е симбол на успехот, резултат на долгогодишната  работа и искуство, симбиоза на емотивноста, проткаена со моќта на ликовниот
израз и големината на вечното пријателство на петте ликовни уметници.

dragan-najdenovski

Изложбата на тројцата автори, не е само обична изложба на тројца ликовни уметници, таа е едно силно авантуристичко патување, проткаено со многу емоции, притоа исполнето со лирско-поетичната нишка на пределот, на благоста, меланхоличноста во доживувањето на природата, лиризмот и драмското, мистиката и метафизиката, реалното и апстрактното.

vladiimir-simovski