Со почеток во 12 часот, на Градскиот плоштад, денес, започна предновогодишната програма што ја организира општина Охрид. Први што ќе настапат се учениците од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец.
Програмата ќе се одржува секој ден до 31 декември, во период од 12 часот до 14 часот. Предновогодишната програма веќе трета година се реализира во ваков формат, а целта е да се вклучат што поголем број на млади учесници.