Црвен крст Охрид и lounge bar НОА организираат Новогодишната хуманитарна продажна изложба на новогодишни украси, креации и домашни ракотворби кои ги изработија волонтерите од Програмата за грижа за стари лица на Црвен крст Охрид, децата со посебни способности и родителите и децата од Бреинобреин програмата. Хуманитарната продажна изложба ќе се реализира утре во lounge bar НОА од 16:00 часот.
Средствата собрани од продажната изложба ќе бидат наменети за набавка на новогодишни подароци и пакетчиња за деца без родители, деца од самохрани родители, деца од социјално загрозените семејства и деца во згрижувачки семејства во Охрид и Дебрца.